Науката покажува дека жените кои редовно и умерено консумираат квалитетно вино полесно одржуваат здрава телесна тежина, отколку жените кои воопшто не пијат вино.
Најстарите докази за производство на вино доаѓаат од исток. Неодамнешните археолошки истражувања во Турција, Сирија, Либан и Јордан откриле семки од грозје кои се смета дека датираат од 8000 години п.н.е. Најстари семки од култивирани винови лози се пронајдени во Грузија.
Постојат над 10.000 врсти грозје од кои се произведува вино ширум светот.
Годината назначена на винската етикета покажува дека најмалку 95% од виното е произведено од грозје собрано токму таа година…
Во една чаша вино има 80 – 100 калории во зависност од составот. На пример суво вино како Совињон Бланк содржи 2 грама јаглехидрати, додека десертно вино може да има и до 12 грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.