“Me at the zoo” (2005) – Јас во ЗОО (2005)
Ова е првото видео „закачено“ на јутјуб на 23 април 2005 година. На видеото коосновачот на мрежата Џавед Карим е потполно несвесен што во иднина ќе претставува овој негов „лош виц за слонот“. Јутјуб денеска е дел од најзначајните сегменти на интернт културата и една од најпосетуваните страници на глобалната мрежа.
Јутјуб денеска одбележува 10 години од своето постоење. Мрежата го прославува 14-ти април за роденден, бидејќи тоа е денот кога го регистрирал „домеинот“. Имено, на 14 февруари 2005 година е регистиран домејнот на Јутјуб од страна на тројца поранешни вработни во компанијата „Пејпал“. По година и половина успешно работење, во октомври 2006-та Јутјуб го откупи компанијата „Гугл“.
На Јутјуб во секоја минута се објавуваат по околу 300 часови различен материјал – музички спотови, занимливости, вести, совети, телевизиски емисии, реклами, лични искуства, домашни ведеа…
За десет години постоење, Јутјуб ги надмина рамките на сервис за забава и прерасна во еден вид платформа која на различни начини ги поврзува, инспирира и информира луѓето од целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)