Силите на сириските Курди, потпомогнати со воздушните напади на меѓународната коалиција, успеаја да преземат контрола врз 163 села во околната на градот Кобане, кои ги држеа припадници на џихадистичката група Исламска држава.
Како што соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, натамошното напредување на курдските сили е забавено поради новите судири со џихадистите западно и југозападно од Кобане.
Реонот околку Кобане беше еден од главните цели на нападите на авионите на меѓународната коалиција предводена од САД врз позициите на ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.