Американскиот претседател Барак Обама ги осуди „бруталните и свирепи“ убиства на тројцата муслимански студенти во Северна Каролина, кои ги изврши нивниот сосед, познат по антирелигиски ставови.
– Никој во САД никогаш не би требало да биде мета за тоа кој е, како изгледа или како се моли, рече Обама во соопштение, во кое изрази сочувство на семејствата на жртвите.
Претседателот на САД е критикуван бидејќи не реагирал доволно брзо на убиствата на тројцата студенти.
ФБИ отвори истрага за убиствата, за кои е осомничен Крег Стивен Хикс (46), кој на својот Фејсбук профил изразувал негативни ставови против сите религии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка