| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски: Манастирски и етнотуризам во Куманово

gorgievski-600x320Кандидатот за градоначалник од коалицијата “За Подобра Македонија” Зоран Ѓорѓиевски, вети поддршка за развој на манастирскиот и етно туризмот на подрачјето на општина Куманово.

– Кумановско може да развие ваков тип туризам затоа што во околината на општината, како што е Живиње, Колитско и останатите населени места има преубави манастири кои може да бидат интересни за домашните и странски туристи. Локалната власт може со инфраструктруно уредување да помогне за развој на овој туризам, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека за разлика од останатите градови од државата, Куманово нема свој белег и свое старо градско јадро. Во програмата на кандидатот, предвидено е уредување на улицата “Илинденска” во шеталиште со заддржување на амбиенатлната архитектура со продавници за сувенири.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top