Канадската полиција спречи план за масовно убиство во голем трговски центар во Халифакс на денот на вљубените, „Свети Валентин“.
Дваесет и тригодишна Американка од северната држава Илиноис и 20-годишен Канаѓанец од Нова Шкотска биле уапсен изминатата ноќ на аеродромот во Халифакс. Уапсената Американка признала за заговорот. Таа претходно напишала пораки кои требале да бидат објавени на Твитер по нејзината смрт.
Подоцна во врска со случајот е уапсено и 17-годишно момче, исто така од Нова Шкотска. Освен нив тројца, друго 19-годишно момче се застрелало во домот на родителите во Тимберли, откако полицијата ја опколила куќата.
Полицијата наведе дека кај осомничените е откриено оружје и пари, но не даде повеќе детали.
Американката и 20-годишниот Канаѓанец планирале да извршат масовно убиство и да се самоубијат. Според полицијата, нивните намери не биле поврзани со исламски тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.