| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Пијан гинеколог на сила сакал да изврши абортус на трудница

Братислав Тодоровиќ (54) гинеколог во болницата во Ниш се обидел „мртов пијан“ со 2.009 промили алкохол во крвта со сила да изврши абортус на една трудница.

Кога вработените и обезбедувањето го спречиле во таа намера, им се свртил на нив и почнал физички да се пресметува. Интервенирала полицијата, па против овој доктор е поднесена кривична пријава поради нарушување на јавен ред и мир, а болницата ќе му поднесе прива поради тешки повреди на работната должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top