| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Жули Гаје ќе биде првата дама на Франција?

Дали актерката Жули Гаје ќе биде новата прва дама на Франција е прашањето кое го поставува таблоидниот неделник „Клозер“, кој објави репортажа во која глумицата е на патување во Рен, во службен државен автомобил придружувана од два функционери, од кои еден е припадник на службата за обезбедување.

Според таблиодот Жули Гаје била во Рен каде присутвувала на снимањето на еден филм, чиј продуцент е таа. Неделникот доби потврда дека возилото со кое таа била во Рен е сопственост на државата.

Од опкружувањето на претседателот не беа дадени коментари за оваа вест.

Во ноември, весникот објави украдени фотографии од Франсоа Оланд и Жули Гаје заедно во Елисејската палата. Овие фотографии, како и тие објавени во другиот таблид „Воаси“ предизвикаа сменување на дел од приватниот персонал на Елисејската палата, бидејќи внатрешната истрага потврдила дека станува збор за фотографии кои биле направени внатре од вработените во палататам од кои најголемиот број ббиле вработени во времето на Никола Саркози.

Франсоа Оланд се раздели од неговата претходна придружничка Валери Триервеиле по објавувањето на неговата врска со Жули Гаје, по што новинарката на Пари Мач, објави книга за нејизната врска со претседателот, кој стана најголем бестслер во Франција.

Изутринава министерот за финансии Мишел сапан, инаку тој важи за близок на Франсоа Оланд, запрашан за средствата кои државата и го стави на располагање на Жули Гаје за да је превезува и заштитува, тој тоа го оправда со фактот дека против глимуцата имало закани.

Во 2014 година името на Жули Гаје се најде на третото место на најпребарувани имиња на интернет, веднаш зад Ким Кардашијан и Робин Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top