Цената на барел нафта за прв пат во годината надмина 60 долари на меѓународните берзи, што би значело дека само во оваа недела пораснале за четири отсто, и покрај сигналите за поголеми кратења на потрошувачката во нафтената индустрија кои би можеле да ја намалат прекумерната понуда.
Цената на барел сирова нафта на лондонската берза порасна во однос на претходното затворање од 1,12 долари, на 60,40 долари. Накратко достигна 60,54 долари. На американската берза барелот поскапе 80 отсто, на 50,21 долари.
Прекумерната понудата ја торпедираше цената на нафтата на лондонската берза од 115 долари во јуни минатата година на 45,19 долари во јануари за да во меѓувреме ја поттикнат зачестените сигнали од нафтената индустрија за намалување на инвестициите.
Најголемиот американски производител на нафта од шкрилци Apache Corp во четвртокот објави дека ќе ја намали капиталната потрошувачка и бројот на ископини во 2015 година по остриот пад на цените на нафтата, со што би се заострило темпото на зголемување на производството на ниво на минатата година.
Покрај најавите од Apache, Извршниот директор на Royal Dutch Shell во четвртокот исто така кажа дека понудата нема да може да се држи во чекор со растечката побарувачка со оглед дека компаниите ги намалуваат буџетите, а француски Total најави намалување на инвестициите и бројот на вработените.
„За време на минатите недели закрепнувањето на цената на нафтата беше поттикнувано од амбиентот на пазарот и очекувањата дека ниските цени ќе доведат до слабеење на растот на понудата во 2015 година“, толкува Даниела Корсини, аналитичарка во банката Intesa Sanpaolo.
Поддршка на цената на нафтата и пружија и показателите од еврозоната, чиј раст во последниот квартал во 2014 година неочекувано силно забрза, со оглед дека стапката на растот на германската економија е значително поголема од очекуваната.
Аналитичарите како причина за растот на цените во оваа недела го издвојуваат и намалениот курс на доларот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лебот поскапе за три денари
-
Скандал со неквалитетна нафта го тресе регионот: Во Косово пресуда од 4 години затвор, во Македонија-молк!
-
„Проаква“ достави повисоки сметки за вода во Охрид: Реагираат револтираните раѓани
-
Граѓаните од Струга и Охрид незадоволни од поскапата вода: Оваа власт едно кажуваат, друго прават, трето мислат! (видео)