Скандалот со неквалитетна нафта повторно го тресе регионот. Приштинскиот суд за кривични дела во Косово изрече затворска казна од 4 години за сопственикот на „ХИБ Петрол“. Кујтим Бакалиу ќе треба да исплати и 15 000 евра на судот затоа што неговата компaнија од 2012-та до 2014-та снабдувала училишта во Приштина со мазут за кој институциите докажале дека содржи 80 проценти над дозволените граници сулфур, елемент кој ја загадува животната средина.
Пресудата доаѓа по само неколку дена откако нафтените компании во земјава бурно реагираа дека во Македонија се внесува мазут од Србија, а отстапува од стандардите за квалитетот.
ОКТА ова го открила пред еден месец, откако дошла до сертификатот кој покажува дека мазутот на рафинеријата од Панчево има кинематичка вискозност над дозволените граници, и за проблемот ги известила Царината и Државниот пазарен инспекторат.
Иако во петокот минатата недела цистерните биле запрени и биле земени мостри, и акредитирана лабораторија од земјава потврдила дека мазутот е под стандардите, институциите не издале забрана за увоз. Од Пазарната иснпекција, пак, потврдија дека постапиле по поплаката од ОКТА, и ангажирале лабараторија која зела мостри, но тие се уште не ги добиле резултатите.
-Ние не сме тие што можеме да ги запреме цистерните. Кога ќе ги добиеме резултатите од лабораторијата, доколку тие покажат дека мазутот отстапува од стандардите, компанијата увозник има право да побара суперанализа од меѓународна лабараторија, и ако и таа покаже дека мазутот отстапува, тогаш заедно со Царината ќе имаме право да одлучиме дали ќе издадеме забрана за увоз, вели Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат.
Повратен одговор нема, а мазутот е на пат да заврши во кавадаречки ФЕНИ, уште еден индустриски капацитет во кој загадувач. Царината и Пазарниот инспекторат треба да се единствени во примената на Правилникот за квалитет на течните горива, а не меѓу себе да си ја префрлаат топката, во спротивно се создава нелојална конкуренција велат нафтените дистрибутери.
Според Царинската управа контролата ја врши Државниот пазарен инспекторат. Додека државните оргнаи пресечат кој треба да го конторлира квлатиетот, доамшнтиек опмании трпат загуби од нелојалната конкуренција. Последнава година зачестија сомнежите за квалитетот на увезените горива од Албанија како и за последиците што неквалитетните деривати ги предизвикуваат врз животната средина и моторите на возилата.
извор: телма.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст