Условна пресуда и парична казна од по 200 евра за двајцата полицајци кои одговараа дека не му го одзеле оружјето на осомничениот Тони Станоев, со кое го сторил трикратното убиство на родителите и сестрата на поранешната сопруга. Двајцата полицајци кои пред трагичниот настан постапувале по пријавите против Станоев, беа обвинети за несовесно работење во службата, објави Канал 5.
– Иако кривичните дела кои му се ставале на товар на тогаш осомниченото лице укажувале на потешко нарушување на семејните односи, за кои дела имал и правосилна судска пресуда, обвинетите службени лица не презеле мерки за одземање на оружјето – велат од обвинителство.
Истрагата за тројното убиство во Кавадарци се уште трае. Според информациите од Јавното обвинителство преземени се речиси сите истражни дејствија. Се чека само на психијатриското вештачење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци