Светската кошаркарска федерација, ФИБА, има намера да го ревидира правилото шампионот на Јадранската лига да игра во УЛЕБ Евролигата со што индиректно може да доведе до укинување на овој систем на натпреварување. Од ФИБА сѐ погласно размислуваат за воведување на свое натпреварување, како одговоро на Евролигата на УЛЕБ, а експертите велат дека на конгресот закажан за 8 март во Минхен ќе биде донесена одлуката што го загрозува опстанокот на Јадранската лига.
Македонија има еден претставник во популарната АБА-лига, а на Јадранот засега плови само МЗТ Скопје. Ако ФИБА донесе одлука дека само екипите од домашното првенство можат да се изборат за настап во Европа, тогаш излишно би станало регионалното натпреварување, кое не носи учество во еврокуповите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.