| четврток, 6 декември 2018 |

Од први јули, нови авиолинии од Охрид за Базел и за Лондон

авион

Охрид  годинава очекува плодна летна  туристичка сезона  со  поголем број странски  туристи во однос на изминатите години. Од 1 јули годинава стартуваат дирекните авиолинии Охрид- Базел и Охрид – Лондон, а по поволни цени се очекува да се патува и до Истанбул.
– Охрид од 1 јули добива директна авио -линија на релација Охрид -Базел и тоа два пати неделно. Вчера е избран најповолниот понудувач за воспоставување и директна авиолинија Охрид -Лутон (Лондон) исто така, од 1 јули, со фреквенција двапати неделно. Голема е веројатноста да успее лобирањето на парламентарците во турскиот парламент, кои имаат корени од Охрид, за воспоставување директна авиолинија Охрид -Истанбул и тоа трипати неделно. Набрзо ќе се случат мега-промоциите на туристичките потенцијали на Охрид пред професионалната јавност во Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Осло, Брисел, Тел Авив, Истанбул, Москва и Нингбо (Кина). Оваа година ќе се изработи промотивно видео и неколку кратки спотови за туристичката понуда на Охрид од страна на професионална маркетиншка куќа, кое ќе биде споделувано по целиот свет – посочи градоначалникот, Никола Бакрачески.
Кинески туристи го скенираат Охрид како привлечна туристичка дестинација, а според надлежните многу добро е што  проектите  од типот на најсовремена пешачка патека на потегот од каналот Студенчишта до некогашниот хотел „Парк“ чија реализација започнува  многу наскоро  како и изградбата на најсовремената плажа во населбата Лагадин, дополнително ќе привлечат поголем број туристи во Охрид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top