| четврток, 6 декември 2018 |

Во кафеана во Кочани претепано и ограбено момче

Вчера наутро во 5 часот во ПС ОН Кочани, 26-годишниот Љ.Л. од Кочани го пријавил разбојништвото кое непосредно пред пријавувањето било извршено врз него. Во угостителски објект во Кочани,  две непознати лица, од кои едниот физички го нападнал удирајќи го во пределот на главата, насилно му одзеле на Љ.Л. 28.000 денари.

Од страна на полициски службеници се преземени мерки и две лица А.С.(21) и Б.З.(40) од Кочани се приведени. По целосно документирање на настанот, за нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top