| четврток, 6 декември 2018 |

Кога проигруваат голман и бек, противникот води со 1-0 (видео)

Непишаното фудбалско правило дека топката не се враќа до голманот, не ја почитуваше дефанзивецот на Вулверхемптон, Дејвид Дејвис, па противниците од тимот на Бристол сити, ни криви ни должни, си поведоа со 1-0. Притоа не го ни пипнаа фудбалот, а работата за нив ја завршија несмасниот голман Икеме и бекот Дејвис. Смешен автогол, кој, за среќа на „волците“ не беше фатален за нив. Во вториот дел, со головите на Ебанкс-Блејк и на Кевин Дојл направија пресврт и победија со 2-1. Од трите гола што ги постигнаа домаќините, вреди да се погледне автоголот, во копродукција на Икеме и на Дејвис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top