По повод Свети Трифун и Свети Валентајн, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски и општината, по петти пат организираа појадок за сите тие што немаат или, пак, го загубиле својот животен сопатник, а осамените карпошани заедно го прославија празникот на љубовта.
– Самотијата е тешка секој ден, но најтешка за време на празниците. Со дружба, меѓу пријатели, локалната самоуправа сака да им покаже на своите граѓани дека не се сами. Ние не се грижиме само за инфраструктурата, туку и за душата – изјави Јакимовски.
На појадокот присуствуваа претежно постари дами, но меѓу присутните во ресторанот „14-ка“ имаше и млади девојки, а и мажи. Секој од нив покрај појадокот, доби и по една роза. Градоначалникот, пак, доби пофалби, прегратки и бакнежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.