| четврток, 6 декември 2018 |

Прекрасно финале за Надал, со 600. победа во кариерата го освои Индијан Велс

Рафаел Надал ги разреши сите дилеми, дали е кадарен за врвни дострели, со извонредна игра против Хуан Мартин дел Потро, во финалето на тенискиот турнир во Индијан Велс. Со јубилејната, 600. победа во кариерата, шпанската фурија стаса до вредната титула, а завршниот меч беше спектакуларен.

Дел Потро поведе со 1-0 во сетови, а потоа се разигра Надал. На почетните 4-6 за противникот одговори со 6-3 и израмни на 1-1 во сетови. Одличниот тенис од двајцата финалисти продолжи иако Надал релативно рано направи брејк за предност од 2-1. Аргентинецот, кој посакуваше прв триумф на турнирите од Мастерс серијата 1000, не се предаде, се бореше лавовски, но Надал беше подобар. Сигурно го бранеше својот сервис до крајот и со 6-4 го доби решавачкиот трети сет. Финалето траеше цели 2 часа и 29 минути и му ја донесе 53. титула во кариерата на Надал.

BNP Paribas Open tennis tournament

Тој сега е рекордер по бројот на трофеи освоени на турнирите од мастерс-серијата 1000 и ги има вкупно 22. Шпанецот долго време отсуствуваше од тениските терени поради проблеми со колената, се врати на почетокот на 2013 година и ова му е трет трофеј оваа сезона.

Во женското финале, Марија Шарапова ја декласира Kаролине Вознијацки со 6-2, 6-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top