Насер Ештрефи, обвинет дека го убил матурантот Ангел Петковски, бил пресметлив кого го сторил кривичното дело. Ова е мислењето на невропсихијатриското вештачење кое, во разговор со обвинетиот, го утврдил вештакот д-р Александар Марцикиќ.
– Обвинетиот имал јасна слика за настанот и свесно одлучувал што прави. Кај мостот бил пресретнат од жртвата и од таткото, настанала расправија и тепачка која предизвикала чувство на опасност за неговото здравје. Тука се развила нормална реакција на анксиозност поради опасноста со која се соочувал. Реакцијата е борба или бегство, тој можел да избере. Дејствувал свесно и по своја волја – појасни невропсихијатарот д-р Марцикиќ образложувајќи го вештачењето, пренесе „Вест“.
Судскиот процес за убиството што на 19 мај 2014 година се случи во Ѓорче Петров сѐ уште трае. Засега Ештрефи е осуден на една година условна казна, по признавањето вина за кражбата на велосипедот од дворот на Петковски.
Адвокатот на Ештрефи најави ново приватно вештачење со кое, како што рече, ќе се обидат да докажат дека обвинетиот бил исплашен и во афект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка