Миљенко Јерговиќ е писател, новинар, колумнист. Работи како новинар во хрватскиот весник „Јутарњи лист“ и како колумнист на веб страната „Радио Сараево“ и на белградскиот весник „Политика“. За своите книжевни дела има добиено бројни меѓународни награди и признанија, а за своите колумнистички ставови често е нарекуван контроверзен или националист.Во моментов важи за еден од најчитаните писатели на Балканот.
Тој во интервјуто за коолтура.мк за современата македонска книжевност за тоа колку ја познава вели:
– Тоа не е едноставно прашање. Во некогашна Југославија, од различни причини, а делумно и поради вина на самите Македонци, македонската книжевноста на српско-хрватски јазик беше најмалку преведувана и најмалку присутна, дури и албанската книжевност од Косово беше попозната. Причините за тоа беа различни, но имаше и инертност кај Македонците, дури и Струшките вечери на поезијата малку наштетија, бидејќи тие (Македонците, н.з) сметаа „ ја имаме Струга и не треба нешто многу да се трудиме“, но тоа е штета. Така цели опуси на некои големи македонски автори не беа преведени на српско-хрватски јазик. Мене лично ми жал што посериозно на наш јазик не е преведен Влада Урошевиќ кој е голем автор. Во 90те и по распадот на Југославија нештата се променија на попозитивно, на српски се преведоа Александар Прокопиев, Венко Андоновски е преведен и во Србија и во Хрватска, Ермис Лафазановски е исто така преведен, а за Гоце Смилевски може да се каже дека е регионална книжевна ѕвезда. Сега како да има некој процвет – македонската книжевност на српски и хрватски јазик добива процевет. Јас основно и средно образование завршив во Сараево, и тогаш едвај го имавме Кочо Рацин и Блаже Конески а тоа е страшно оскудно и малку. Тоа што во меѓувреме нешто се менува и движи е оптимистички, но јас сум сигурен дека зад тоа не стојат некои големи државни иницијативи туку, напротив некоја сосема индивидуална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.