| четврток, 6 декември 2018 |

Свечен собир по повод 68 години од формирањето на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија ја одбележува 68-годишнината од своето формирање. На свечениот собир што ќе се одржи в петок (13 февруари) во 12 часот во Домот на македонските писатели ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни дела објавени во 2014 година. Носители на признанијата на ДПМ се: Радован Павловски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга, Божин Павловски, добитник на наградата „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга, Георги Сталев, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики, Стојан Тарапуза, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најуспешна книга за деца, и Сеида Бегановиќ, добитник на наградата „Книжевен мост“ за најуспешна книга на јазиците на националностите во Република Македонија.

На свечениот собир за местото и улогата на македонската писателска асоцијација ќе зборува Веле Смилевски, претседател на ДПМ.

Друштвото на писателите на Македонија е асоцијација на уметници со најголем број членови и со најдолга традиција во Република Македонија. ДПМ е формирано во 1947 година и до сега во него членувале 480 писатели од сите генерации. Еден од иницијаторите за формирање и прв претседател на Друштвото на писателите беше Блаже Конески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top