Вчера попладне се случила масовна тепачка на хрватскиот автопат А1 кој ги поврзува Загреб и Сплит. Во големиот инцидент учествувале повеќе од 200 навивачи од двете завојувани навивачки групи „Бед блу бојс“ и „Торцида“.
Во близината на тунелот „Свети Марко“ од Загреб пристигнале навивачите на Динамо, кој вчера играше куп натпревар во Пула, додека „Торцида“ патувала во обратен правец за да го бодри својот тим против Виноград.
Полицијата добила информација за масовна тепачка од случајни минувачи во тој период на автопатот. Додека пристигнале со неколку возила на местото, нашле само искината облека, палки и многу крв.
Според информациите на хрватските медиуми, во тепачката учествувале околу 150 навивачи од Сплит и двојно помалку од Загреб. Во ниту една болница во тој регион досега никој не побарал лекарска интервенција.
Во видеото кое го снимиле случајни минувачи јасно се гледа почетокот на големиот инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)