| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевни разговори со Блаже Миневски за романот „Јас, Тито и Мики Маус“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска во 19 часот организира „Книжевни разговори“ со Блаже Миневски. Повод за разговорите е романот на Миневски „Јас, Тито и Мики Маус“, ќе ги води Братислав Ташковски, а делови од творештвото на Миневски ќе интерпретира актерот Томе Витанов. На средбата ќе се разговара и за вредносните системи, актуелниот миг во македонската книжевност, статусот на писателот и книжевсноста денес и за афирмацијата на македонската книжевност дома и во светот.

Блаже Миневски е романсиер, раскажувач и публицист. Автор е на шест романи, четири книги раскази и десет пиеси. Досега ги има добиено сите најзначајни книжевни награди во Македонија. Блаже Миневски е застапен во сите антологии на македонската кратка проза објавени во последните дваесетина години, а неговите раскази се преведени на англиски, француски, германски, кинески, италијански, шпански, руски, романски, словенечки, хрватски, унгарски, турски и српски јазик.

Најновиот сатиричен роман на Миневски Јас, Тито и Мики Маусе мајсторска проза за чудесното опредметување на недофатливата реалност и според критиката е без конкуренција во овој жанр во македонската современа литература.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top