| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на ревијалната годишна изложба на ДЛУМ со постхумна поставка на Милош Коџоман

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија-Објект Мала Станица, вечерва  во 20 часот ќе ја отворат „Годишна изложба“ на ДЛУМ. Изложбата се организира како настан по 61 пат, на која ќе бидат претставени дела на 83 автори-членови на Друштвото. Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите “Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.
Во  склоп на ревијалната изложба годинава ќе се реализира и посхумна поставка во чест на нашиот драг колега и пријател Милош Коџоман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top