Едно британско истражување во врска со сексуалното насилство дало неверојатни резултати – 40 отсто тинејџерки најмалку една во животот биле присилени на сексуален однос.
Едно од пет девојчиња на старост помеѓу 13 и 19 години трпела од својот партнер физично насилство или техники на застрашување како шлаканица, удирање, давење или гризнување, а цели 40 отсто најмалку еднаш стапиле во сексуален однос против своја волја.
Алармантен е податокот дека некои девојки притисокот од партнерот го сметаат за добар, а со време станува и „нормален“, а исто важи и за силувањето.
Една петтина од испитаните тинејџерки искажале негативен став кон женскиот пол со изјавите како што се „понекогаш е прифатливо мажот да ја удри жената во случај таа да била неверна“ или „жените ги предизвикуваат мажите (во сексуална смисла), а потоа се жалат на вниманитето што го добиваат“.
Националното друштво за превенција на насилство над децата ја повикува британската влада да направи сѐ што е во нејзина моќ да го спречи натамошното насилство над девојчињата.
Клер Лили, директорот на фондацијата за безбедност на децата на интернет, изјавила „ова истражување покажало дека е неопходно владата под итно да воведе во училиштата нова образовна програма во врска со сексуалните односи и емоционални врски, кои ќе бидат законско право на секое дете. Мора да ги учиме децата дека секоја позитивна врска, пред сè, се заснова на заемо почитување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Премиера на филмот „Ема“ на 3 ноември: Прв македонски филм снимен од тинејџери за тинејџери
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Нова глобална чума: Опасен здравствен проблем погодува сѐ повеќе тинејџери