| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски: Ќе им вратиме и ќе им наплатиме за се!

branko-crvenkovski-tupanica

-Имаме шанса да им вратиме, да им наплатиме за се! За 7 години малтретирања, притисоци, закани, заплашувања. За сите понижувања, газења, потценувања. За сите полициски и инспекциски казни без основ изречени. За сите списоци за гласање со закани направени. За сите откази и деградирања по партиска  директива спроведени. Затоа што нè направија земја во која човек се плаши на телефон слободно да говори, а за политика сегде да се шепоти. Затоа што сите критички настроени телевизии и весници ги затворија. Затоа што МТВ, Сител и Канал 5 се пералници за човечки мозоци. Затоа што во однос на слободата на медиумите не однесоа во друштво на Нигерија и Венецуела – кажа лидерот на СДСМ на вчерашниот митинг на „Сојуз за иднината“ во Кратово..

Седумте  преродбенички години се период во кој се изместија сите критериуми и стандарди, се инсталира еден нов сосема искривен вредносен систем. Погрешното стана правилно, а глупоста мудорст. Криминалот е доблест, а лагата стана вистина, додаде Црвенковски.

-Државата се третира како приватна сопственост, демократијата како непотребен баласт, Уставот и законите како кочници, како препрека која може да се прескокне или пробива по желба и по потреба. Македонија е земја во пропаѓање по сите основи. Сите ресурси, материјални, човечки, духовни се целосно исцрпени – рече Црвенковски.

Според него  24 март  е правата шанса, гласот на граѓаните да се брои два пати и да заврши две работи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top