Бранислав Ивановиќ беше жртва на нападот на Луис Суарез, играч што го гризна за рака српскиот интернационалец, а вчера жртвата се претвори во напаѓач. Ивановиќ премина од дефанзива во напад и се обиде да го гризне играчот на Евертон, Џејмс Мекарти. И исто како и Суарез не доби црвен картон за глупавиот гест на теренот.
Челси победи со 1-0, а Ивановиќ, веројатно, ќе добие казна, откако официјалните лица во англиската федерација ќе ја видат снимката од дуелот на „Стемфорд Бриџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)