| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи Наташа Беквалац

Српската пејчака Наташа Беквалац, далеку од очите на јавноста, се омажила за своето момче, ракометарот Љубомир Јовановиќ. Тие склопиле граѓански брак, а не присуствувале ни нивните родители и пријатели, туку невестата, зетот и кумовите.

Беквалац и Јовановиќ се регистрирале пред неколку недели и досега вешто го криеја тоа.

Наташа и Љуба биле заедно неколку месеци пред три години. По разделбата секој тргнал по својот пат, се до почетокот на минатата година, од кога повторно се заедно.

Ова е втор брак за Беквалац, која пред четири години се разведе од српскиот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кого ја имаат ќерката Хана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top