Ненадејната разделба и заминувањето на Филип Миркуловски од Металург, во редовите на германскиот бундеслигаш Хановер, го спречи клубот достоинствено да се раздели од својата ракометна легенда.
Од тие причини, раководството на клубот реши привремено да го повлече дресот со број 13, што во изминатите дванаесет години го носеше најборбениот и најпожртвуван ракометар на Металург, кој на секој натпревар гинеше за плаво-белата боја.
– Го повлекуваме дресот со број 13 затоа што тој број и тој дрес треба да се заслужат.
Се надеваме дека еден ден Миркуловски повторно ќе го облече овој дрес и повторно ќе ги брани боите на Металург – се вели во соопштението на тимот од Автокоманда кое го објавија на официјалната веб-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.