
Лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина, кои преговараат во Минск, подготвуваат заедничка декларација за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, соопшти претставник на украинската делеграција.
По речиси двочасовна средба во тесен состав лидерите на земјите од „нормандската четворка“, претседателите на Франција Франсоа Оланд, на Русија Владимир Путин, на Украина Петро Порошенко и канцеларот на Германија Ангела Меркел, ги продолжија преговорите во проширен состав со учество на членовите на делегациите, јави ТАСС.
Четворицата лидери и домаќинот, белорускиот претседател Александар Лукашенко, по средбата во тесен состав излегоа со заедничка снимка.
Како и пред почетокот на средбата тие не дадоа изјави за новинари. По фотографирањето преговорите продолжија во проширен состав.
Контакт групата за Украина, составена од претставници на Украина, Русија, сепаратистите и ОБСЕ, исто така заседава во Минск, и подготвува документ за поддршка на планот за прекин на огнот во Минск од септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Светскиот македонски конгрес и Македонскиот манифест отфрлаат договор со Бугарија на антимакедонски основи и штетен по националните и државните интереси
-
Што точно пишува во Декларацијата за заедничкиот јазик на Хрватите, Србите, Босанците и Црногорците?
-
Заев потврди дека српски војски вршеле геноцид врз Албанци во Македонија (ВИДЕО)
-
Младите лидери потпишаа Декларација за фер и демократски избори


