| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Косово да ги зајакне граничните контроли

 

кос

По повод рекордниот број косовски Албанци, што изминатиот период илегално влегуваат во Шенген зоната, Европската комисија ја повика косовската Влада да ги зајакне граничните контроли и да преземе мерки за запирање на бранот имигранти, јави Танјуг.

– Косовските Албанци се речиси 40 проценти од имигрантите, што влегуваат илегално во ЕУ, што е повеќе од бројот на Сиријци и Авганистанци – изјави портпаролот на ЕК Наташа Берто.

Берто истакна дека Косово треба да организира интензивна информативна кампања, да ја зајакне граничната контрола и да ги проверува компаниите за автобуски превоз, кои вршат транспорт на илегални имигранти.

Според Берто претставниците на ЕК ги ставиле тие барања во рамките на тековните преговори со косовските власти за либерализација на визниот режим.

Во рамките на дијалогот Белград-Приштина во понеделник српскиот премиер Александар Вучиќ и косовскиот колега Иса Мустафа постигнаа договор да работат заедно за решавање на овој проблем, изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top