| четврток, 6 декември 2018 |

Мастилото за избори противуставно

Pretsedatelski i predvremeni izbori 2 krug 2014 (12) (Custom)

Повеќе нема да им се обележува палецот на гласачите за враме на заокружувањето на гласачко ливче при изборниот процес, затоа што Уставниот суд денеска одлучи да ги отфрли овие одредби од Изборниот законик како противуставни.

За време на последните парламентарни и претседателски избори на гласачите, им беше обележуван палецот од десната рака со цел да не се случи граѓанин да гласа повеќе од еднаш. Уставниот суд денеска едногласно донесе одлука со која се укинуваат одредбите од законот кои го предвидуваат ова, што значи дека маркерот се исфрла од употреба за време на гласањето.

– Се смета дека обележувањето на палецот, како на последните избори, не е во согласност со Уставот и дека е спротивно на член 22 став 2 од Уставот, според кој избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори и со тајно гласање – објаснуваат од службата за односи со јавност на судот.

Со одлуката на судиите се укинуваат одредбите 108 став 2, 108 став 6 и член 108а став 9.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top