| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Тодоровиќ и Коце Трајановски ги посетија крводарителите

koc-i-tod500

По повод Денот на крводарителството и денот на формирање на Црвениот крст на Република Македонија, денеска во Скопје се одржа крводарителска акција на која присуствуваа кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ.

Трајановски им го честита денот на крводарителите и рече дека градот Скопје како и досега ќе продолжи да го помага Црвениот крст.

-Им честитам на сите луѓе кои денеска даруваа крв, која ја покажаа својата хуманост и кој со својата крв спасуваат многу животи, изјави Трајановски.

Во насока на продолжување на оваа традиција и хуманост, Трајановски најави рече дека градот Скопје заедно со Црвениот крст на Република Макдонија и Црвениот крст на град Скопје на 7 април ќе отвори дневен центар за дарување на крв.

-Во овој центар граѓаните ќе можат секој ден да даруваат крв. Со тоа ќе дадеме придонес  во зачувување на здравјето на граѓаните и во спасување на многу животи, додаде тој.

Тодоровиќ им го честита денот на крводарителите и изрази благодарност до Црвениот крст и до крводарителите за акцијата.

-Благодарност до Црвениот крст и до крводарителите кои покажаа голема доблест и голема општествена одговорност, спасувајќи многу човечки животи со својата крв, изјави Тодоровиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top