| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќна смена во поликлиника „Идадија“

nikola todorov

На барање на граѓаните од општина Центар од утре ќе почне со работа ноќната служба во поликлиниката „Идадија“, информира министерот за здравство Никола Тодоров, на денешна прес конференција.

– Кон овој дел гравитираат околу 60.000 луѓе и овие граѓани немаа пристап до ноќна служба во близина на нивното место на живеење. Најблиската ноќна служба беше во поликлиниката „Бит Пазар“, заради тоа одлучивме да обезбедиме нови согласности за вработување во здравствениот дом-Скопје, изјави Тодоров.

Дежурствата на ноќната служба во поликлиниката „Идадија“ беа укинати во 2007 година, поради, како што рече ресорниот министер, недостиг од персонал.

Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ ја поздрави одлуката за повторно отворање на ноќната служба и најави обновување на паркинг просторот и детското игралиште, како и хортикултурно уредување на дворот од поликлиниката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top