Со желба да се пофалат дека продолжуваат понатаму, неколку македонски натпреварувачи ги прекршија правилата на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, пишува „Вистина“.
Според правилата на шоуто, кандидатите не смеат да објават резултати од гласање или одлуки на жирито се додека снимената емисија не се емитува на телевизија.
Неколку македонски натпреварувачи ги прекршиле правилата со тоа што објавиле на своите профили дека продолжуваат директно во следниот круг.
Сите натпреварувачи кои ќе влезат во големото финале на најпопуларното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ ќе потпишат договор со „Гранд продукција“ и ќе мораат строго да се придржуваат до правилата и инструкциите на менаџерите во продукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Заев: Ако има неправилности во тендерите ќе барам ревизија
-
Нови правила во српската полиција: Не смее да се носат шишки, фарбани мустаки се дозволени ако одговараат со косата
-
Карлеуша го напушта жирито на Ѕвездите на Гранд


