Британската ИКТ компанија „Ендава“ со седиште во Лондон денеска ги отвори новите канцеларии во Скопје. Лоцирана токму под Скопско Кале, зградата кај Меморијалниот центар на холокаустот во која сега се наоѓаат канцелариите ќе се вика зградата „Кале“, не само поради локацијата туку и поради името „Ендава“ што означува тврдина.
Просторот зафаќа 3.000 метри квадратни, а е дизајниран и уреден согласно највисоките светски стандарди во ИКТ индустријата. Има 19 сали за состаноци, делови за релаксација, оддел со игри и простор во кој вработените можат да се дружат. Ваквиот концепт, како што посочи извршниот директор, целосно се вклопува во културата на „Ендава“ што подразбира овозможување одлична работна атмосфера.
Компанијата која развива софтвери, минатата година најави првична инвестиција од над два милиони евра во Македонија со 450 работни места.
Извршниот директор Џон Котерел тогаш нагласи дека од 40 градови во Европа е избрано Скопје поради брзиот економски раст, развојот на ИТ секторот и високообразовниот кадар. Воедно бил импресиониран од бизнис условите што ги нуди Македонија.
Засеа „Ендава“ во Скопје има 36 вработени, но предвидено е во следната година таа бројка да се зголеми на стотина, додека за 4 години, на 400 вработени лица.
– Сакам да потенцирам ова е одлично место за работа, каде млади луѓе, студенти, но и експерти од ИТ областите ќе можат да се надоградат и усовршат. Ние бараме луѓе желни да се подобрат. Најдоброто е што ќе работите со врвни клиенти, но од Македонија, без да мора да се селите на другиот крај на континентот – нагласи Кортел.
Скопје, како што рече Котерел има голем потенцијал за ИТ секторот како резултат на јаките универзитети и високо образованата работна сила со одлични јазични вештини.
Менаџерите на „Ендава“ се охрабрени и од поволната деловна клима во Македонија, како и од отворениот пристап на локалните власти и институции.
Изразувајќи задоволство што уште еден странски инвеститор почнува со работа во Македонија, премиерот Никола Груевски нагласи дека ваквите настани се нов импулс за владините тимови во постојаните промоции на поволните деловни можности на земјата.
– Македонија е позната како еден од најбрзорастечките пазари во ИКТ секторот во овој дел од Европа. Таквиот тренд се должи на нашите политики и мерки за развој во изминатите години, поттикнувањето на младите да е образуваат во делот на информатичките науки, отворањето нови факултети,… Ваквите прилики, но и добрите бизнис услови што ги нуди Македонија, се основните причини поради кои светски познатиот бренд „Ендава“ реши да го прошири своето производство токму тука – истакна премиерот Груевски.
Според него, користењето врвна технологија и софтвер на „Ендава“ кај голем број моќни мултинационални компании во секторите банкарство, осигурување, малопродажба, телекомуникации, медиуми, издаваштво, ќе значи дополнително подобрување на имиџот на Македонија.
Британската ИКТ компанија развива софтвери за најдобрите 500 мултинационални компании од листата на „ФОРТУНЕ“ од банкарскиот, телекомуникацискиот и осигурителниот сектор. Брои над 1.500 редовно вработени, има 11 канцеларии во Франкфурт, Њујорк, Атланта, Глазгов и Оксфорд, а беше ставена меѓу првите 100 аутсорсинг компании во светот. Нејзината растечка стратегија е фокусирана на проширување во Источна Европа преку постојан раст на своите центри за развој и преку отворање нови канцеларии.
Основана во 2000 година, компанијата моментно располага со 11 локации во Велика Британија, САД, Германија, Романија, Молдавија и Македонија, а остварува годишен приход од над 40 милиони фунти (50 милиони евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)






