| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Дамјановски најави затворен пазар во Куманово

M4034S-4211

Затворен зелен пазар најави кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Зоран Дамјановски.

Проектот, според него ќе се реализира преку јавно приватно партнерство бидејќи е скапа инвестиција. Оваа искуство, како што рече тој, го презел од останатита градови од регионот.

– Преку јавно приватно партнерство зелениот пазар може да се преуреди со комерцијален  и административен дел со магацински простор, подземно гаражирање, станува збор за скап проект, затоа е потребно ваков начин на финансирање, рече Дамјановски при денешната посета на пазарот каде што оставри средба со закупците и граѓаните.

Според него, доколку се реализира ваквиот проект Куманово ќе го добие најубавиот зелен пазар во државата што ќе допринесе за нови вработувања во општината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top