| четврток, 6 декември 2018 |

Евгениј Поп Ацев ограбен на автобуска станица во Буенос Аирес

Најдобриот македонски пливач, маратонецот Евгениј Поп Ацев кој е вицесветски шампион во маратонско пливање во Гран-при серијата на ФИНА, е ограбен на автобуска станица во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
Поп Ацев отпатувал за Аргентина за да учествува на првиот маратон од оваа сезона во Гран-при серијата.
Додека купувал билет за Вила Уркиза крадецот успеал да му ја украде целата торба во која ја имал цела опрема за пливање, пари, пасош како и облеката која ја носел.
Поп Ацев заедно со Александар Илиевски пристигнале на местото каде требало да се одржи маратонот, а целокупната опрема која му била потребна за да учествува во трката му ја обезбедил легендата на маратонското пливање во светот Бугаринот Петар Стојчев кој бил присутен во Аргентина како делегат на ФИНА.

И покрај сите немили настани што му се случиле,нашиот најдобар маратонец го освои одличното четврто место и со тоа докажа дека е во врвна форма и ќе атакува на првото место оваа година. Следниот маратон е закажан за 25 април во Канкун, Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top