| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешки фирми во Тетово, најрано за една година

Норвешки компании се заинтересирани да инвестираат во технолошко-индустриската равојна зона во Тетово преку јавно-приватно партнерство, изјавија претставници на инвестициската група „Нормак“, компанија што е заинтерсирана да ја раководи индустриската зона во Тетово.

Како што беше соопштено на конференција за печат денеска во Стопанската комора на севрозападна Македонија, уште е радно да се каже какви проекти ќе бидат реализирани. Се очекува во зоната да дојдат големи странски компани, првата конкретна инвестиција се очекува да пристигне најрано за една година, до кога се очекува да заврши изградбата на инфраструктурата.

Претставниците на норвешките компании велат дека е уште рано да се соопштуваат детали во кој правец би можело да се развива индустриската зона, но веруваат дека ќе во зоната ќе дојдат големи странски фирми, кои бараат поволни услови за инвестирање.

– Македонија тоа може да го понуди – оценува Ерик Вел Ватме, претставник на норвешката државната компанија „Иновација“, која соработува со приватни компании и има претставништва во 30 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top