Тим од повеќе хирурзи се бори да го спаси животот на Робертина Мечевска (30), македонската ракометна репрезентативка која денеска попладне имаше несреќен случај и падна од прозорецот од својот стан кој е на петиот кат.
Како што дознаваме, тешка и долготрајна ќе биде вечерва операцијата во Ургентниот центар која е во тек. Мечевска има тешки повреди на абдоменот и обилни крварења во пределот на белите дробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.