| четврток, 6 декември 2018 |

Мите Андоновски вети поврзување на Средновековните кули со подземни тунели во Кратово

mite_andonovski

Кандидатот за градоначалник на Кратово, Мите Андоновски, им вети на сограѓаните археолошко-архитектонски проект, за кој очекува да прерасне во туристичка атракција. Идејата е да се поврзат средновековните кули во градот со помош на веќе постоечките, но недоволно истражени подземни тунели.

-Во изборната програма предвидено е дел од овие ходници и тунели ги пронајдеме и реновираме. Некои од нив веќе ги имаме откриени во делови од градот, но некои од нив се прекинати од темелите на кратовските куќи. Ќе се обидеме во следниот период, колку што можеме од нив да ги реновираме и да ги поврземе со кулите, за да може во иднина да станат атракција за туристите кои во се поголем број го посетуваат градот Кратово – истакна Мите Андоновски.

Досега се истражени и уредени 20-тина метри од подземните ходници. Во следните години ќе се оспособат неколку стотини метри за подземни туристички прошетки во Кратово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top