Владата на Србија одобри вкупно 12.290.000 динари, околу 100.000 евра, како еднократна помош за Македонија и за Албанија поради катастрофалните поплави што на почетокот на февруари годинава ги погодија двете земји, јави Танјуг
Средствата во вредност од по 6.145.000 динари, како донација на странски влади, се обезбедени од буџетските резерви на Србија.
Одлуката за еднократна помош за Македонија и за Албанија е донесена на 8 февруари на седница на Владата на Србија, на предлог на премиерот Александар Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.