– Измените на Законот за хонорарците ќе придонесат за подобрување на законот и од нив придобивки ќе имаат огромна маса на луѓе – изјави денеска Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.
Одговарајќи на новинарско прашање, Митревски оцени дека е добро тоа што нивните предлози се прифатени и дека ќе придонесат за подобрување на законското решение.
– Добро е тоа што модалитетите што ги предлагавме со Организацијата на работодавци се прифатени и ќе придонесат за подобрување на законот – рече Митревски, додавајќи дека уште од самиот почеток дале поддршка на потребата од донесување на едно вакво законско решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ССМ не избра нов претседател
-
ССМ: Кризата да се надмине со почитување на Уставот, заштитата на унитарноста и суверенитетот на државата е приоритет за сите
-
ССМ: Муратовски кој што ССМ го претвори во испостава на СДСМ не може да зборува за синдикализам
-
ССМ до Ременски: Не ќе можете да избегате од правдата и од вистината