| четврток, 6 декември 2018 |

Хоп го купи Хофенхајм и го начна социјализмот во Бундеслигата

Германскиот милијардер Дитмар Хоп влезе во историјата на германскиот фудбал како прв сопственик на клуб откако доби одобрение од Генералното собрание на Хофенхајм да го преземе раководењето на клубот. Косопственикот на компанијата за софтвери САП и досега го финансираше клубот и има инвестирано околу 350 милиони евра во Хофенхајм, но не беше сопственик.

hop

Во Германија, поточно во Бундеслигата, грото клубови се формирани како Здруженија на граѓани и на изборите за претседател на клубот право на глас имаат сите што се постојани членови на истите. Постои и форма на заедничко вложување од градската управа од каде што потекнува клубот и приватниот сектор, како во случајот на Хоп досега, но ова е прв случај во германската елитна лига еден клуб да има свој сопственик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top