Од август, кога почна егзодусот од Косово, па до декември минатата година се проценува дека од земјата заминале 100.000 луѓе, а од почетокот на годинава уште околу 50.000, иако тоа никој официјално не го кажува, објави денеска приштинскиот дневен весник „Бота сот“, пренесува МИА.
Весникот истакнува дека ако се претпостави дека лани најмалку 100.000 луѓе заминале од Косово, тоа значи дека шест проценти од населението ја напуштило земјата за неколку месеци. Според податоци на косовскиот Институт за статистика, во Косово живеат 1,8 милон луѓе.
Косовскиот експерт за демографија, проф. Рифат Блаку, наведува дека егзодусот на населението може да биде „фатална експлозија“ за Косово и оти иселувањето создава демографски трауми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации