| четврток, 6 декември 2018 |

Две силни експлозии во центарот на Тирана

Во две силни експлозии што денеска се случија во центарот на Тирана е урната аптека, еден стан е демолиран и искршени се прозорците на објектите во близина, но никој не е повреден, соопштија албанските власти.

Во првата од двете детонации, што се случиле во рок од 25 минути, е уништен деловен објект во сопственост на семејството на министерот за внатрешни работи, Саимир Тахири, и уништен е станот на висок претставник на албанската полиција.

Албанскиот премиер Еди Рама денешниот инцидент го опиша како „координиран акт на тероризам“.

Сѐ уште никој не презел одговорност за експлозиите.

Полицијата во Тирана ја деактивирала третата експлозивна направа, за која претходно била телефонски известена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top