На социјалната мрежа Инстаграм се почесто можат да се видат профилите на богатите деца од различни краеви на светот кои се расфрлаат со своите пари, или парите на своите родители.
Последниот во низата е профилот на „Богатите деца на Тирана“ кој има повеќе од 16.000 следбеници.
Оние кои го следат животот на децата на богатите, знаат дека блескавите автомобили и златни часовници се вообичаени. Меѓутоа оваа младина оди и чекор понатаму во своето екстремно расфрлање.
Популарниот тренд меѓу богатите во главниот град на Албанија се возила и маскирни автомобили „завиткани“ во албанското знаме.
Многумина пронаоѓаат креативни начини да ги прикажат многуте пари кои ги поседуваат.
Освен со големото богатство не ретко се фалат и со атрактивни девојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.