Репрезентативците на Брегот на Слоновата Коска се вратија во својата држава, а вo најголемиот град Абиџан беа пречекани од повеќе од еден милион сограѓани.
На неодамнешниот Куп на африкански нации го освоија првото место победувајќи во финалето против Гана, по изведување пенали.
За да стигне до најголемиот стадион, на автобусот со репрезентативците му беа потребни повеќе од еден и пол час иако требаше да помине само 15 километри.
Еден од најдобрите фудбалери на БСК, Вилфред Бони, беше одушевен од пречекот, а неговата изјава најмногу говори колку репрезентативците ја направија целата нација горда на успехот.
– Уште додека го прелетувавме градот, видовме колкав метеж има на улиците. Чувството е прекрасно – изјави Бони.
На аеродромот фудбалерите беа пречекани од претседателот на државата, Аласан Ватара, кој заедно со нив дојде на стадионот.
Посебни овации доживеа херојот на финалниот натпревар во пенал-серијата, голманот Бубакар Бари, кој сега во БСК е наречен Господ.
Селекторот, францускиот стручњак Ерв Ренар, рече дека чувството не може да се опише со зборови. За Ренар ова е втор триумф во Купот на африканските нации откако пред три години триумфираше со Замбија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)