Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети Спортско рекреативниот центар „Матка” и оствари средба со претставници на здружението на рекреативни риболовци „Рибар 2011”.
Трајановски наведе дел од проектите кои ќе се реализираат во наредните 4 години.
– Во наредниот период ќе продолжиме со порибувањето на Езерото Матка, како и на езерото Треска и реката Вардар во соработка со риболовните друштва и Глобалниот еколошки фонд. Дополнително ќе ја направиме и патеката од пештерата Врело до пештерата Крштална и истата ќе ја осветлиме со што ќе овозможиме повеќе граѓани да ја посетат – изјави Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.