| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога во Брисел поради егзодусот на Албанците од Косово

Kosovars, many of them hoping to reach the European Union and seek asylum, board buses headed for Serbia, in the capital Pristina A Kosovar woman holds her child as they are detained by Serbian border police, while trying to cross the border to Hungary, near the town of SuboticaЕвропската унија е загрижена поради зголемениот број државјани на Косово кои илегално влегуваат на територија на ЕУ. Во последните два месеци се проценува дека Косово го напуштиле повеќе од 50.000 луѓе, што значи дека на Косово секој месец исчезнува речиси по еден град. Оваа ситуација особено ги погодува Унгарија, Германија, Австрија и Франција, каде што завршуваат најголем број од емигрантите од Косово.

Според процените на ЕУ, од Косово илегално влегуваат во ЕУ повеќе емигранти отколку од Сирија и од Авганистан заедно. Дури 40 проценти од вкупните илегални влегувања на територија на ЕУ во декември биле направени од жители на Косово, а тој број дури и се зголемил во јануари годинава.

– Секако дека сме многу загрижени поради тоа што Косово е мала држава, каде што нема војна. Ова е голем проблем за нашите земји-членки, а ќе биде дополнителен проблем и за Косово затоа што речиси сите ќе мора да се вратат. Државите од ЕУ сметаат дека Косово е сигурна држава, а тешката економска ситуација не е причина за добивање азил – рекол за „Јутарњи весник“ висок дипломат од ЕУ. Истиот извор вели дека феноменот на зголемен пораст на илегални мигранти од Косово се зголемува од јуни лани за да добие драматични размери во декември и во јануари годинава.

Kosovars, many of them hoping to reach the European Union and seek asylum, board buses headed for Serbia, in the capital Pristina

Косовските медиуми јавуваат дека секоја вечер од Приштина заминуваат барем по пет автобуси полни со патници кои одат до Белград, а оттаму до Суботица. Од тој град во Војводина со такси ги префрлуваат до границата со Унгарија, каде што за 250 евра по личност шверцери ги префрлуваат преку граница на територија на ЕУ. Во Унгарија се преполни камповите за азиланти иако многу кои бегаат од Косово оваа земја не е нивна крајна дестинација, туку сакаат да стигнат до Германија или до Австрија. Унгарските власти особено се загрижени затоа што меѓу нив има многу деца.

Според податоците на Министерството за образование, повеќе од 5.000 деци ги напуштиле училиштата во јануари, а се претпоставува дека со родителите емигрирале во ЕУ. Најтиражниот германски весник „Билд“ на насловната страница во неделата предупредува на лавина азиланти од Косово и објави допис кој германската амбасада во Приштина го испратила до Берлин, во кој се предупредува ако трендот не се сопре, во текот на годинава Косово може да го напуштат повеќе од 300.000 луѓе. Тие предлагаат масовно и присилно враќање со посебни чартер-летови и на тоа да се даде големо медиумско внимание за на луѓето да им се испрати порака дека немаат шанси да добијат азил во Германија.

570415_01kosovo-01foto-reuters_f

ЕУ бара од косовските власти да ги засилат напорите во информативната кампања за да им се објасни на луѓето дека во ЕУ не можат да добијат азил и да ја истражат улогата на превозниците кои им помагаат на тие луѓе да стигнат до територија на ЕУ.

Како единствена причина за заминување на емигрантите се наведува тешката социјална ситуација. Невработеноста на Косово е 45 проценти, а невработенста на младите дури 70 проценти. Ваков егзодус на Албанците од Косово последен пат е забележат за време на косовската криза, но, како што пишуваат косовските медиуми, дури ни тогаш тие што заминувале не ги продавале куќите и земјата, а сега го прават тоа. Косовското население според истражувањата било најоптимистичко на светот. Но, сега оптимизмот очигледно исчезнал и многу можности за подобар живот гледаат само во заминување од државата.

Се проценува дека во западна Европа живеат повеќе од 800.000 луѓе со потекло од Косово, најмногу во Германија и во Швајцарија, што е половина од вкупното население на оваа земја. Во седиштето на ЕУ во Брисел предупредуваат дека овие луѓе се жртви на лажни ветувања дека можат да добијат престој во некоја од земјтие од ЕУ, но тоа е невозможно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top