| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ѝ се заканува на Германија: Ако ЕУ не дава пари, ќе бараме од САД, Русија и од Кина

грцијаГрција предупреди дека ако неформалниот лидер на ЕУ, Германија, остане крут во однос на одобрувањето на новиот договор со Атина, земјата ќе побара помош од друго место. Можни кандидати се САД, Русија и Кина.

Предупредувањето доаѓа од министерот за одбрана на Грција Панос Каменос, кој дојде на функцијата по победата на СИРИЗА на предвремените избори во јануари.

СИРИЗА вети дека ќе се спротивстави на мерките за штедење што ги наметна „тројката“ во замена за помош за должничката криза во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top